Појадок во џакузи со поглед кон снежните Алпи – вака изгледа ресортот во кој ноќевање чини и до 1.000 евра

Добредојдовте во ексклузивното одморалиште – хотелот „Chalet Al Foss“.

Oвој импозантен ресорт се наоѓа во подножјето на италијанските Алпи и речиси и да нема личност која не би посакала да го посети и да ужива во неговите убавини.

Замислете да сте во џакузи со топла вода додека насекаде околу вас се протегаат снежните планински врвови.

Токму таму го јадете вашиот „пловечки појадок“, а во понудата има разни печива, класични италијански интернационални јадења, како и разновиден зеленчук, предјадења и десерти.

Базенот којшто се наоѓа недалеку од џакузито има постолје за палење оган кој ве грее додека пливате во студените ноќи. Интересно, зар не?

Романтика или релаксација во апартманската када или егзотичен десерт во друштво на ламите – таму може да доживеете баш сè што ќе посакате.

Но, доколку сакате да престојувате во овој хотел, треба да бидете подготвени да издвоите одредена сума на пари, односно таму цените се движат од 450 до 1.000 евра за една вечер.

Слични Вести
Menu