Златан го провозе своето златно „Ferrari“: Цело Милано гледало во скапоцениот „ѕвер“ кој постои во само 500 примероци

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, бил фотографиран на улиците на Милано како го вози своето златно „Ferrari“.

Со овој „ѕвер“ чија цена е речиси половина милион евра, шведскиот фудбалер се почести во октомври минатата година за својот 40-ти роденден.

„Ferrari SF90 Stradale“ е автомобил со 1000 коњски сили, чија почетна цена изнесува 430.000 евра. Станува збор за еден од првите модели од серијата електрични автомобили кој може да развие брзина од над 200 км/ч.

„Stradale“ е скапоцен автомобил, а за тоа зборува и фактот дека е изработен во само 500 примероци.

Слични Вести
Menu