„Volkswagen“ кој долго го чекавме – еве колку би можела да изнесува неговата почетна цена

Кога станува збор за „Volkswagen“, сите погледи се насочени во премиерата на „VW ID.Buzz“ моделот за кој повеќе години се чекаше да се појави на пазарот.

Европската премиера закажана е за 9 март, а тогаш автомобилот ќе доживее американска премиера во Остин. Имено, од овој модел се очекува моќен старт на американското тло, каде оригиналниот „microbus“ стекна култен статус.

Кога станува збор за Европа, деновиве се појави информација за неговата можна цена.

Германски „Automobilvoche“ од неименуван извор во „VW“ дознал дека цената би можела да биде 60.000 евра.

Покрај тоа, во комбинација со владините соработници, цената во Германија би можела да биде малку поевтина, односно 50.000 евра.

Како што кажавме, премиерата е за нешто помалку до еден месец, а листата за нарачки се отвора во мај.

Ќе биде тоа верзија со заден монтиран електромотор и погон на задните тркала, додека пак верзијата со погон на сите тркала ќе биде дополнително вклучена во понудата.

Првите примероци на купувачите ќе им бидат испорачани во текот на месец септември. Истото важи и за продолжената верзија со дополнителен ред на седишта и 300 милиметри подолга должина која треба да пристигне подоцна.

Слични Вести
Menu