(ВИДЕО) Тинејџери паднаа во замрзнато езеро додека пожарникари одржуваа вежби

Пожарникарите од Сент Луис биле на вистинското место во вистинско време. Додека одржувале вежби за извлекување луѓе од водата, двајца тинејџери паднале низ мразот на езерото Крив Којер.

Пожарникарите штотуку ги завршиле вежбите на езерото и почнале да ја собираат опремата кога забележале две лица како трчаат по замрзнатото езеро.

Додека ги гледале, мразот под нив пукнал, а парот набрзо завршил во водата.
Пожарникарите брзо стигнале до местото каде што несреќните тинејџери паднале низ мразот, па набрзо ги извлекле од ледената вода.

Слични Вести
Menu