КАКО ДА ОСВОИТЕ ДЕВОЈКА?

Треба да разговарате на „емотивни“ теми, како што се вашите спомени од детството, идните амбиции или за нејзината страст во животот. Ваквите разговори ќе ја разбудат нејзината емотивна страна.

2. Жените сакаат покрај себе да имаат момче кое не се плаши да ја предводи. Додека зборувате со девојката којашто ви се допаѓа, преземете ја контролата врз разговорот. Никогаш не чекајте таа да ја диктира темата на која ќе зборувате.

3. Обрнете внимание на невербалните сигнали кои ви ги испраќа девојката. Доколку стоите премногу блиску до неа, не сакајќи плукате накај неа додека зборувате или правите да се чувствува непријатно на кој било начин, таа ќе ви испрати некакви невербални знаци, со говорот на телото. Обрнете внимание на нив, за да знаете дали сте на прав пат кон освојување на нејзиното срце.

4. Запомнете го мотото: „Бидете забавни, но не и смешни“. Жените ги привлекуваат мажи кои им дозволуваат да се забавуваат. Немојте да се концентрирате, кажувајќи ги најдобрите шеги и вицеви. Наместо тоа, концентрирајте се да ѝ ја покажете вашата возбуда и уживањето во нејзиното друштво.

5Задевајте ги жените. Еден од најлесните начини да го одведете разговорот кон едно забавно и флертувачко ниво, е да започнете да ги задевате и закачкате жените. Вратете се назад во времето кога бевте дете и си игравте на игралиштето. Во светот на љубовта и состанувањето ќе биде ефикасно сето она што било ефикасно и на игралиштето.

Бидете поинтимни, поблиски со неа. Жените се „палат“ на мажи кои не се плашат да го одведат разговорот на лично, поинтимно ниво.

7. Заведете ја играјќи игра на погодување, каква личност е таа. Жените сакаат да слушнат какво мислење имате за неа. Кажете ѝ што забележувате кај неа. Верувајте, ќе го обожава тоа.

Слични Вести
Menu