Погледнете како момчето ја запроси својата Македонка во Дубаи

Преубава вест за Денот на вљубените.

Стефанија Несторовска е млада и инвентивна девојка која стои зад Инстаграм профилот и блогот снесторовска.ком.

Нејзините рецепти ги обожаваат сите, а таа ужива додека ги смислува и целиот процес за неа претставува релаксација.

Но оваа шармантна млада девојка овој пат наместо своите бројни обожаватели на социјалните мрежи не ги изненади со нов вкусен и здрав рецепт, туку со една новина со која никого не остави рамнодушен. Имено, таа покажа како нејзиното момче ја запроси на Денот на вљубените.

Радосните вести Стефанија ги сподели со своите обожаватели на Инстаграм покажувајќи го и преубавиот веренички прстен.

Инаку, момчето својата сакана ја запроси во еден преубав ресторан во Дубаи каде младиот пар веќе неколку дена ужива.

Слични Вести
Menu