Не се одмаздувајте, дозволете ѝ на кармата да си ја заврши работата

Постојат неколку причини зошто треба да дозволите кармата да си ја заврши работата и зошто никогаш не треба да се одмаздувате.

Додека многумина мислат дека ќе најдат олеснување ако лично им се одмаздат на луѓето кои им згрешиле, силните луѓе знаат дека одмаздата не е решение.

Многу позадоволувачки е да се гледа како кармата си ја врши работата

Кога удира кармата, таа не промашува, и удира со истата сила како и личноста која го направила лошото дело. Кога гледате како некој го добива она што го заслужува, тоа е помоќно и подобро отколку кога човек се одмаздува. Одмаздата не носи добро чувство, но кога ќе видите дека некој го доживува тоа што им го направил на другите, тоа е сосема поинаку. На тој начин, личноста која направила нешто лошо учи многу важна лекција.

Знаете дека треба да ги изберете вашите битки

Мудрите луѓе знаат дека не можат да се борат со целиот свет одеднаш. Важно е да се запамети дека тоа е контрапродуктивно. Желбата за одмазда често се претвора во омраза. И таа не вреди за вашата ментална енергија. Најдобро ќе ја трошите својата енергија ако гледате напред, а не ако гледате назад, задржувајќи го вашето внимание на неправдите што ви се направени.

Ако се одмаздувате, последиците можат да бидат страшни

Секогаш има последици за нашите постапки. Една непредвидена последица е самата карма. Дури и ако никој не знае што сте направиле, кармичкото влијание нема да се поништи. Ќе знаете што сте направиле, а исто така и Универзумот. Силните луѓе знаат дека нивната позитивна карма е повредна од каква било одмазда.

Најдобрата одмазда е добриот живот

Добриот живот е најдобрата одмазда. Најдобар начин да им се одмаздите на оние кои ве повредувале е да го живеете животот на најдобар можен начин.

Вашиот успех е најважен, а оние кои ве повредиле или измамиле ќе зажалат што не можат да имаат удел во него.

Со други зборови – најдобрата одмазда е да бидеш среќен и да го живееш животот во потполност! А сè останато остави го на нејзиното величество – кармата!

Слични Вести
Menu