Дијамантски накит и часовник доби Кристина за својот 22 роденден

Кристина Митровиќ, ќерката на српскиот бизнисмен и сопственик на телевизија Пинк Жељко Митровиќ, веќе неколку години е во врска со еден од најмладите милијардери на светот, a од 2020 парот е и свршен. Станува збор за Украинецот Илија, за кој се пишува дека е наследник на „кралот на ураниумот“. Живее и работи во Лондон, но често престојува и во Обединетите Арапски Емирати поради бизнисот.

Деновиве таа го прослави својот 22-ри роденден, а по тој повод нејзиниот сакан ја изненади со раскошен цветен аранжман со рози, скапоцен часовник, дијамантски прстен и што уште не. Сето тоа надополнето со балони и торти и овековечено со фотки за на нивните Инстаграм профили, каде постојано споделуваат детали од својот раскошен животен стил.

Неодамна партнерот на Кристина сподели фотографија со неа и нејзиниот татко Жељко Митровиќ и напиша:

„Одличен ден со одлични луѓе, а денот штотуку започна“.

По повод роденденот вљубениот Украинец на својата сакана ѝ порача:

„Среќен роденден моја КРАЛИЦЕ. Те сакам најмногу на светот и ти посакувам да ти се оствари сè што си замислуваш, затоа што навистина го заслужуваш тоа. Ти си мојата втора половина и ме правиш подобра личност секој ден. Те сакам и едвај чекам да ги видиш подароците.“

Потоа се огласи и таа со благодарност до него што секогаш ѝ ги приредува најубавите изненадувања.

Слични Вести
Menu