(Фото) Хамилтон доби нова „стрела“ за напад на титулата во Формула 1

Тимот на „Mercedes“ за Формула 1 го претстави болидот за новата сезона – „W13 E Performance“.

Формула 1 влегува во нова ера од 2022 година каде ќе се применуваат нови технички правила.

Иако беше најавено дека се повлекува, Луис Хамилтон и наредната сезона ќе вози „Mercedes“, што му е јубилејна 10-та година по ред во тимот.

„Никогаш не сум кажал дека ќе се откажам. Го сакам тоа што го работам, сакам да бидам дел од овој прекрасен тим. Но, ми беше тешко, па морав да се тргнам малку и да бидам семеен. Тогаш одлучив дека ќе ја нападнам титулата“, изјавил Хамилтон.

Хамилтон минатата сезона во последниот круг остана без титула која ќе му беше рекордна осма.

Нов тимски колега ќе му биде Џорџ Расел.

„Не знам дали повторно ќе бидеме шампиони. Се надевам дека автомобилите ќе бидат брзи и дека Луис и Џорџ ќе бидат задоволни од текот на настаните“, изјавил директорот Тото Волф.

Инаку, новата сезона на Формула 1 започнува на 20 март во Бахреин со рекордни 23 трки во календарот.

Слични Вести
Menu