(ВИДЕО) Хрватскиот хиперавтомобил Rimac Nevera излегува на пат

Мате Римац се пофали со нов успех – Rimac Nevera го поминал процесот на хомологација и може да почне да се „тркала“ по јавните патишта!

„Nevera ги заврши сите безбедносни краш тестови. По 45 краш тестови и девет целосно уништени автомобили во текот на процесот (и многу делови), успеавме – Nevera е првиот американски и ЕУ сертифициран електричен хиперавтомобил!

Сите европски статички и динамички тестови се завршени – така што хомологацијата е завршена. Имаме уште неколку статички и NAS тестови кои треба да се направат во текот на следните неколку месеци, но тие не се клучни.

Значи, автомобилите во Европа се подготвени за испорака, а американските ќе бидат наскоро. Едвај чекаме да пристигнат првите примероци до клиентите ширум светот!“, завршува Римац.

Хрватскиот хиперавтомобил Rimac Nevera сега може да биде регистриран ширум Европа. Цената е околу два милиони евра.

Во приложеното видео можете да видите како Мат Вотсон од CarWow сведочи на последниот краш тест на Rimac Nevera.

Слични Вести
Menu