Џастин Бибер позитивен на коронавирус

Канадската поп и аренби ѕвезда Џастин Бибер е позитивен на коронавирус, објавија медиумите.

27-годишниот пејач бил принуден да одложи еден од планираните концерти откако ги добил резултатите од тестот.

Портпаролот на хитмејкерот откри за „ТМЗ“ дека Џастин дознал за резултат од тестот во саботата, и дека во моментот се чувствува добро.

Ѕвездата на топ листите, кој е еден од најпродаваните уметници во светот, требаше да настапи во T- Mobile Arena во Лас Вегас во недела. Меѓутоа, концертот е презакажан за летните месеци поради дијагнозата.

извор/фото: агенции

Слични Вести
Menu