Закажаа венчавка, оваа есен ќе биде вистинска невеста!

Една од најубавите турски актерки Ебру Шахин наскоро ќе ја круниса со брак својата долгогодишна врска со кошаркар од македонско потекло Чеди Осман.

Имено, како што пренесуваат турските медиуми, церемонија ќе се одржи на 25 јуни во местото Чешме, додека венчавката е закажана во септември 2022 година.

Ебру која стекнала слава во улогата на Рејхан во серијата “Дива“ неодамна предизвика одушевување меѓу балканската публика кога по повод роденденот на својот сакан на нивната заедничка фотографија на српски јазик напишала:

– Се е полесно кога си ти покрај мене. Среќен роденден сонце мое.
Инаку, Чеди Осман е по потекло од Македонија, додека неговата мајка е од Нови Пазар.

Слични Вести
Menu