ШТО СЕ СЛУЧУВА АКО СПИЕТЕ НЕДОВОЛНО?

Како и повеќето луѓе, веројатно и вие сте почувствувале на своја кожа како непреспаните ноќи го попречуваат нормалното функционирање. Недоволното спиење има многубројни негативни последици врз нашето здравје. Еве некои од нив:

Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Модерниот тренд на скратување на сонот е темпирана бомба. Краткиот сон влијае негативно врз вашето срце, со тоа што го зголемува крвниот притисок, го забрзува ритамот на срцето и го покачува нивото на хормонот на стресот.

Зголемен апетит и склоност кон дебелеење. 
Додека спиеме, нашиот организам ослободува специфични хормони и хемикалии кои го контролираат апетитот и му помагаат на телото да одржува нормална телесна тежина. Намалениот сон го нарушува балансот меѓу хормоните, односно го намалува нивото на хормонот кој го потиснува гладот, па ние јадеме повеќе од вообичаено. Се смета дека кога не сме доволно наспани дневно консумираме околу 300 дополнителни калории. Освен тоа, ни се зголемува желбата за консумирање на брза, пржена и мрсна храна, која лесно се таложи по телото и води до дебелеење.

Зголемен ризик од дијабетес. Кај луѓето кои спијат помалку од 7 часа дневно се зголемува ризикот од појава на дијабетес тип 2.

Намалена способност на мозокот за помнење. Помнењето се создава врз основа на серија од нервни врски кои се обновуваат или зацврстуваат за време на спиењето. Секоја фаза од спиењето има различна улога во обединување на новите информации, научени во текот на денот. Доколку не му дадете доволно сон на вашиот мозок, тој не може правилно да ја складира новата материја, па поверојатно е да заборавате.

Намален имунитет. 
Колку помалку спиеме, толку послаб станува нашиот имунитет. Организмот на личностите кои спијат недоволно потешко се бори со вируси и бактерии.

Слични Вести
Menu