По три години изградба, најголемиот светски крузер конечно ќе заплови со патници на крстарење.
На компанијата „Royal Caribbean“ минатиот месец ѝ бил доставен импресивниот крузер „Wonder of the Seas“, долг 362 метри, а сега е подготвен да тргне на своето прво патување закажано на 4-ти март. Крузерот ќе иплови од Форт Лодердејл на Флорида, до Карибите.
Станува збор за крузер со 18 палуби, изграден на бродоградилиштето „Chantiers de l’Atlantique“, во Франција, а неговиот капацитет изнесува 6.988 гости и 2.3000 членови на екипажот.

Крузерот ќе се користи за петдневни и седумдневни крстарења од Форт Лодердејл на Флорида до Карибите во март, по што ќе следат медитерански крстарења од Барселона и Рим во мај.

„Wonder of the Seas“ се состои од осум ‘делови’, а секој од нив содржи повеќе од 20.0000 вистински растенија. Крузерот има, меѓу другото, ‘најголем тобоган на море’, како и зип-лајн и огромен екран покрај базенот.
Крузерот првично требало да биде испорачан во 2021-ва година, но тоа било одложено поради пандемијата на коронавирусот. Компаниите за крстарење претрпеа тежок удар од пандемијата на коронавирусот, а истиот проблем моментално го кочи овој бизнис.