Синот на Дејвид и Викторија Бекам започнува музичка кариера

Круз Бекам реши да започне музичка кариера.

17-годишниот син на Дејвид и Викторија Бекам претходно се обиде да им се приклучи на ѕвездите со празничниот сингл If Every Day Was Christmas („Ако секој ден беше Божиќ“) во 2016 година, кога имаше само 11 години.

Сега неговите амбиции станаа посериозни и тој работи со Пу Беар, кој напиша низа песни за Џастин Бибер.

„Бевме неколку пати во студио и снимивме неколку песни заедно,“ вели синот на фудбалската легенда.

Круз, исто така, научил да свири на неколку музички инструменти – гитара, пијано и тапани.

Слични Вести
Menu