Рускиот милијардер Роман Абрамович добил забрана за престој во Велика Британија, пишуваат британските таблоиди.
Сопственикот на Челси веќе со месеци не е виден во својот дом во Лондон, а извори од Британија тврдат дека тој повеќе не смее да се врати таму.
Имиграциските службеници наводно добиле упатства да му забранат на Абрамович враќање во неговата вила близу Кенсингтонската палата, за која издвоил 125 милиони фунти.
Chelsea owner Roman Abramovich 'has been effectively BARRED from living in Britain' https://t.co/EIHoj412Dg
— MailOnline Sport (@MailSport) February 24, 2022
На неговиот случај работи специјална имиграциска единица.
Абрамович е еден од 35-те руски олигарси кои лидерот на опозицијата на Путин, Алексеј Навални, ги оцени како клучни поборници за режимот на рускиот претседател во Русија.
Владата на Велика Британија отпочна санкции против Русија поради воената интервенција во источна Украина, а први на удар се најдоа руските олигарси.
Абрамович во 2018 година стана државјанин на Израел, што му помогна да влезе во Велика Британија на 6 месеци, а минатиот октомври со израелскиот пасош остварил кратка посета на Лондон.

Богатството на рускиот милијардер се проценува на 8,4 милијарди фунти. Неговиот посед вклучува недвижнини, но и серија суперјахти од кои само една – „Solaris“, вреди 450 милиони фунти и поседува систем за детекција на проектили.
Абрамович го купи Челси во 2003 година, кој тогаш беше просечен англиски прволигаш, а од него создаде еден од најуспешните фудбалски клубови во 21-от век.
„Сините“ во ерата на Абрамович станаа првиот лондонски клуб кој е шампион на Европа, а неодамна и првак на светот.