Велосипед кој се претвора во пловило и кампер: Дали е ова најбизарното возило на светот?

Без разлика дали спаѓате во група на авантуристи кои сакаат да се впуштаат во далечни патувања со велосипед или едноставно сте едни од оние на кои екологијата и одржливоста им се приоритет, ова неконвенционално возило може да биде решение за вашите грижи.

„Z-Triton“ ќе ви овозможи нечуен превоз на педали, но со електрична помош. Во принцип, станува збор за трицикл, но главниот детаљ се наоѓа зад возачот, оној кој ги врти педалите.

Станува збор за минијатурна кабина која може да послужи како место за сместување. Со неа не треба да се грижите за поставување шатор, а притоа нуди и практични додатоци како аудио систем, USB конекција, па дури и вазна со цвеќе. На покривот има соларни панели кои овозможуваат полнење на батериите.

И тука следува уште едно изненадување. Покрај батериите кои се напојуваат со погон на електричен мотор од 500 W за асистенција при возењето, особено по нагорнини, електричната енергија се добива и со пропелер. Да, во неколку чекори „Z-Triton“ станува пловило, а откако ќе му се вградат странични пловни елементи за стабилизација, станува и многу безбедно транспортно средство за пловидба.

Вистината е дека со него нема да можете да поминете којзнае колкава оддалеченост, но сигурно ќе можете да запловите по езеро доколку наидете на некое на вашето патување. Дури и доколку снема струја, тука се веслата како дел од стандардната опрема.

„Z-Triton“ го нуди летонскиот старт-ап „Zeltini“, а почетната цена е 14.500 евра.

Слични Вести
Menu