Таа го завела најбогатиот човек на светот: Илон Маск „уловен“ со 23 години помладата актерка со која со месеци ја крие романсата

Откако беше со актерката Амбер Херд и пејачката Грајмс, официјално најбогатиот човек на планетата повторно пронајде љубов во Холивуд.

Во септември минатата година, светската јавност ја изненади веста дека Илон Маск (50), мултимилијардер и најбогатиот човек на светот (откако Џеф Безос по разводот мораше да го подели богатството со поранешната сопруга Мекензи), ја раскинал врската со пејачката Клер Буше, попозната како Грајмс.

Парот беше 3 години во врска и го доби синот со ексцентрично име X Æ A-Xii, а наводно останале во коректни односи. Оттогаш се шпекулира дека Маск, инаку татко на шест момчиња, повторно успеал да пронајде љубов – и тоа повторно во светот на познатите!

Како што пишуваат странските медиуми, новата девојка на Илон Маск е актерката Наташа Басет (27), австралиска филмска ѕвезда која се прослави со улогата на Бритни Спирс во филмот „Britney Ever After“, а наскоро ќе ја гледаме и во биографскиот филм за Елвис Присли.

Деновиве Басет била видена како се качува во приватниот авион на Маск во Лос Анџелес, а извори блиски на парот тврдат дека тие се во „ексклузивна врска“, односно не се гледаат со други луѓе.

„Заедно се веќе неколку месеци и имаат моногамна врска“, изјавил неименуван извор.

Инаку, Маск по раскинувањето со Грајмс за медиумите изјави дека се во добри односи.

„Ние сме полураскинати, но и понатаму се сакаме, често се гледаме и во одлични односи сме. Таа моментално е со мене, а бебето X е во другата соба“, открил Маск.

Еве како изгледа убавата Басет:

Слични Вести
Menu