4 ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ КОИ ГО ЗАБРЗАТ МЕТАБОЛИЗМОТ

Брзината на метаболизмот во нашето тело влијае не само на изгледот, туку и на општото здравје. Брзината на метаболизмот одредува како храната ќе се апсорбира во нашето тело, тоа влијае на производството на енергија и други витални процеси и реакции. Колку ќе биде брз метаболизмот зависи од повеќе различни фактори: квалитетот на сонот, генетиката, возраста, начинот на живот, нивото на физичка активност, нивото на хормоните и исхраната…

Кога метаболизмот е забавен , нашите органи не можат да добијат одредени хранливи материи, ни недостасува енергија, се таложат маснотии и добиваме вишок килограми и дебелеење, што е ризично по здравјето. Иако метаболизмот природно се забавува со возраста, секогаш можете да влијаете на неговата брзина со придржување до одредени навики и вклучување на храна во менито богата со витамини и минерали.

Дознајте кои витамини и минерали го забрзуваат вашиот метаболизам и можат да ви помогнат да изгубите тежина побрзо и полесно:

Витамин Д – Овој витамин помага во апсорпција на калциум, ги регулира хормоните и нивото на гликоза во крвта, го поддржува здравјето на коските, функционирањето на целиот имунолошки систем, го намалува ризикот од развој на депресија. Витаминот Д може да се добие директно од сончева светлина, а за време на облачните денови и во постудените месеци, побарајте го во природната храна како што се жолчките, лососот и млечните производи.

Магнезиум – Кога ви недостасува магнезиум , реакциите на телото кои се одговорни за производство на енергија и стабилен метаболизам значително се забавуваат. Најмногу магнезиум содржат бананите, јаткастите плодови, мешунките, спанаќот, интегралните житарки, компирот и рибата.

Витамините Б се вклучени во основните телесни функции, како што се зајакнување на имунолошкиот систем, регулирање на клеточниот метаболизам и одржување на здрави нивоа на шеќер во крвта. Храна богата со витамини Б: морска храна, јајца, млечни производи, посно месо, црвена риба, кафеав ориз, тиквички, јаткасти плодови, семки, банани, јаболка и друго овошје и зеленчук. Имајте на ум дека витамините од оваа група најдобро функционираат во комбинација едни со други, а недостатокот на само еден од нив може да влијае на другите, што пак може да доведе до метаболички нарушувања.

Витаминот Ц – познат и како аскорбинска киселина е природен антиоксиданс кој ги штити клетките од ефектите на слободните радикали, го забавува процесот на стареење, го стимулира производството на колаген (најважниот протеин за одржување на младоста) и го зајакнува имунолошкиот систем. Витаминот Ц исто така игра важна улога во метаболичкиот процес – особено позитивно влијае на метаболизмот на протеините, јаглехидратите и холестеролот. Витаминот Ц може да се добие од следната храна: спанаќ, зелка, компири, пиперки, агруми, бобинки (црни рибизли, јагоди, шумски јагоди, аронија).

Слични Вести
Menu