V6 TDi моторот на Audi, може да користи растително масло како гориво

Audi го следи остатокот од Volkswagen групацијата во мисијата за јаглеродна неутралност до 2050 година, а тоа главно значи развој на електрични возила.  Меѓутоа, во Audi се обидуваат да направт чекори со кои моторите за внатрешно согорување ќе станат „почисти“.  Во врска со ова, од Audi соопштуваат дека нивните V6 дизелски мотори, кои развиваат до 281hp, и кои се произведени после втората половина на февруари 2022 година, се компатибилни со хидротретираното растително масло (HVO), односно „златниот стандард на биодизелот“. Тоа значи дека некои верзии на моделите  A4, A5, A6, A7, A8, Q7 и Q8, ќе можат да користат „почисто“ гориво базирано на растително масло.

„Ги оптимираме нашите постоечки мотори со внатрешно согорување, со цел да бидат поекономични и во исто време да генерираат пониски емисии. Еден од начините е создавање на технички темели за користење на одржливо гориво какво што е HVO“, изјавил шефот на развој во компанијата Audi. Од компанијата соопштуваат дека HVO овозможува намалување на емисиите на CO2 емисиите во опсег од 70 и 95% во споредба со обичното дизел гориво. Горивото  може да се прави од остатоци и отпадни материјали како што се отпадното масло за јадење од прехрамбената индустрија и остатоци од земјоделството. „Бидејќи цетанскиот број на HVO е повисок за околу 30%, значително е подобрена запаливоста/согоривањето кај ова гориво. Тоа е позитивен ефект, посебно при ладно стартување. Ги тестиравме ефектите врз различните компоненти, на перформансите и издувните гасови пред да го одобриме HVO“, велат од Audi.

Volkswagen групацијата експериментира и со други алтернативни горива, како што е e-Fuel. Ова синтетичко гориво веќе го користат тркачките автомобили на Porsche и  Lamborghini.

Слични Вести
Menu