Заводливиот фустан на Меган Фокс

Меган Фокс е неисцрпна тема кога станува збор за изгледот и убавината. Овој пат со речиси па едноставна комбинација дополнително го привлече вниманието и засени се околу себе.

Ја покажа својата прекрасна фигура во розов блејзер, овој викенд во сончевиот Лос Анџелес.

Нејзината комбинација на облека го привлече вниманието на минувачите, најмногу поради тоа што долгите нозе на актерката беа во преден план.

Целиот стајлинг го заокружи со модерни високи сандали, со сребрени мотиви. Розевиот блејзер има V-изрез и ремен околу половината, што дополнително го истакнува стасот на актерката. Сако-фустанот е креација на Стела Макартни, а сандалите се дел од колекцијата на Амина Муади, која е омилената дизајнерка на Ријана.

Слични Вести
Menu