Кендал Џенер објавила фотографија на која е целосно гола и покажала апсолутно сè

На Инстаграм постои јасно правило за објавување на фотографии кои прикажуваат интимни делови од телото, со тоа што истите се цензурираат и отстрануваат од платформата, но се чини дека ваквото правило не важи за сестрите Кардашијан-Џенер…

Пред неколку дена, манекенката Кендал Џенер објавила гола фотографија на Инстаграм, а многу корисници на оваа мрежа го довеле во прашање критериумот за Инстаграм цензура и неговите насоки за однесување.

Џенер споделила професионални фотографии направени за магазинот „i-D“, на кои се гледа како позира во низа провокативни комбинации како костим за капење, долга јакна, панталони и мини здолниште.

На една од фотографиите, Кендал е целосно гола, што предизвика бројни реакции кај Инстаграм корисниците. Тие сметаат дека не е во ред таа да може да објавува фотографии без цензура, додека други корисници не можат бидејќи не се придржуваат до правилата на социјалната мрежа.

„Зошто познатите личности можат да ги кршат правилата, а останатите не?“, „Се чини дека само нејзе ѝ е дозволено да објавува фотографии на кои е целосно гола“, „Ова е повеќе порнографија отколку манекенство“, гласат коментарите под фотографијата.

Но, од друга страна имало и такви кои ја поддржале, па така еден коментар гласел:

„Да се биде секси за тебе е талент, а твојата убавина е дар“.

Слични Вести
Menu