(Видео) Мелинда една година подоцна за разводот од Бил Гејтс, се осврна и на Епстајн: „Имав кошмари“

Милијардерката Мелинда Френч Гејтс гостуваше во емисијата „Mornings“ на „CBS“, каде искрено зборуваше за болниот развод од Бил Гејтс, за Џефри Епстајн, милијардерот кој светот ќе го памети по неговото грозоморно злосторство.

57-годишната Мелинда, за првпат отворено проговори за него и за неговиот однос со Бил Гејтс.

Како што откри во интервјуто, таа била ужасната што нејзиниот тогашен сопруг продолжил да се дружи со Епстајн, иако поради него имала кошмари.

„Не ми се допаѓаше Бил да се состанува со Џефри Епстајн. Тоа му го кажав. Потоа го запознав Џефри. Сакав да видам кој е тој човек и се покајав уште во моментот кога влезе низ вратата. Тој беше одвратен, персонифицирано зло. Имав кошмари за него. Срцето ми се кине поради тие млади жени. Така се чувствував, а јас сум постара од нив. Беше ужасен“, вели таа.

Мелинда и Бил беа во брак 27 години пред да ја објават веста за разводот минатата година.

Мелинда вели дека пролеала многу солзи и дека имало денови кога лежела на подот мислејќи: „Како можеше да дојде до ова? Како да станам? Како ќе продолжам напред?“.

„Немаше посебен момент или конкретен факт што предизвика да се разделиме. Работите дојдоа до таа точка кога сфатив дека не би било здраво да продолжам понатаму со врската“, додава таа.

„Во овој брак го дадов секое парче од себе. Бев посветена од денот кога се веривме до денот кога излегов од таа приказна“, вели Мелинда, сугерирајќи дека Бил многупати бил неверен.

По оваа изјава, водителката ја праша дали Гејтс неколкупати бил неверен.

„Тоа се прашањата на кои Бил треба да одговори“, одговори Мелинда.

Слични Вести
Menu