Германската импресивна патна мрежа autobahn , која е долга 13 илјади километри

Еден од фактите кој неизбежно се врзува за Германија е импресивната мрежа на автопати. Популарниот autobahn, веќе со децении е гордост на Германија, а за него се врзуваат и некои митови, особено за тоа кој го измислил.

За почеток, мора да се демантира митот дека оваа импресивна инфраструктура е изум на нацистите. Точно е дека во тоа време интензивно се граделе автопатишта, но нацистите не биле први кои се сетиле да грдата брзи патишта. Таа идеја се родила после Првата светска војна, а првиот автопат е изграден во 1932 година помеѓу Келн и Бон. И денес е во сообраќај како дел од автопатот 555. Со доаѓањето на власт, нацистите ја интензивирале градбата на автопатишта, но поради почетокот на војната од планираните 20.000 километри изградиле нешто повеќе од 3.000 километри. По Втората светска војна, односно по поделбата на земјата, во Западна Германија е направен план за изградба на нови и реконструкција на постоечките автопати, додека во Источна Германија изградбата стагнирала, па затоа и денес повеќе од 30 години после обединувањето, изградбата ниту нејзиниот квалитет не се секаде подеднакви.

Денес се вкупно изградени повеќе од 13.000 километри автопатишта, а најголемиот дел од нив имаат три или четири ленти во една насока. Автопатиштата се финансираат од даноците, а за нивната реконструкција и одржување се грижи државата. За патничките автомобили не се наплатува патарина.

porta3.mk

Слични Вести
Menu