Најшироката улица во светот е во Буенос Аирес

Avenida 9 de Julio или авенијата 9 јули во Буенос Аирес не се поминува лесно пешки. Името го добила по Денот на независноста во Аргентина и денес е најшироката улица не само во земјата, туку и на светот.

Авенијата се протега околу три километри, широка е до 140 метри и во некои делови има по седум ленти во двете насоки. Само со трчање може да се помине одеднаш, но многумина прават пауза на сообраќајниот остров меѓу две зелени светла.

Градењето на авенијата почнало да се планира во 1888, но сите потребни дозволи и документи биле собрани дури во 1935 година. Најголемиот дел е довршен во 1960-ите.

Низ средишниот дел минува разгранетата мрежа на градските автобуси „Метробус“, што секојдневно ги користат 250.000 луѓе. На вкрстувањето со улицата Корентес се издигнува гордоста на градот – Обелискот на Буенос Аирес. Долж авенијата можат да се видат и оперската куќа Театро Колон, Плоштадот на Републиката и статуата на Дон Кихот.

Слични Вести
Menu