НАЧИНИ ДА СЕ РАСОНИТЕ БЕЗ КАФЕ

  1. Свежо исцеден сок
    И не само од портокал. Во соковникот ставете моркови, лимони, грејпфрут, јаболка, киви, јагоди…
  2. Убаво истријте го грбот додека се туширате наутро
    Со помош на четка за триење со долга рачка, убаво истријте го грбот. Тоа ќе ви ја зголеми циркулацијата.
  3. Стимулирајте го мозокот
    Можеби ви се чини по малку чудо уште наутро да почнете да решавате крстозборки или судоку, ама тоа може да ве расони.
  4. Ладен туш
    Само неколку секунди. Тој ќе ве освести во истиот момент.
  5. Насмевнете му се на Сонцето
    Кога ќе излезете од дома, не ставајте ги веднаш очилата за сонце, туку погледнете му на Сонцето директно во очи. Сончевите зраци веднаш ќе го раздрмаат вашиот внатрешен часовник за будење.
  6. Потсетете се на вежбите од часовите по физичко
    Се сеќавате на вежбите кои ги правевме секој час на часовите по физичко за да се размрдаме? Сетете се на една и повторете ја десет пати.
  7. Средете си го бирото
    Само неколку минути поминати во разместување на предметите во работниот простор, ќе ви го освежи умот и ќе ве направи да се почувствувате задоволно.
  8. Добро познатите 8 часа посветени на сонот
    Понекогаш успева, понекогаш не. Во секој случај, не занемарувајте ги часовите предвидени за цврстиот сон кој треба да трае 8 часа.
Слични Вести
Menu