Кортни Кардашијан влегла во менопауза поради ИВФ третман

Кортни Кардашијан откри дека е во менопауза поради третмани за ин витро оплодување (ИВФ), форма на асистирана репродуктивна техника.

42-годишната Кортни, која ги има Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7) со поранешниот партнер Скот Дисик, била на третман за плодност бидејќи таа и свршеникот Тревис Баркер сакаат да имаат заедно бебе, но таа призна дека процесот не бил пријатен и дека таа била прилично разочарана од грубите тролови на интернет во врска со тежината што ја добила како резултат на третманот.

Во снимка од новото реалити-шоу „Д’ Кардашијанс“, Кортни вели: „Тревис и јас сакаме да имаме бебе, и така мојот лекар не одведе на овој пат на вонтелесно оплодување“.
„Тоа не беше баш некое неверојатно искуство“. И во друг разговор со нејзината мајка, Крис Џенер, основачката на Poosh се отвори за несаканите ефекти од третманот.

Слични Вести
Menu