Најверните раси кучиња

Кучињата умеат одлично да се социјализираат со луѓето и да се приврзат кон нив. Со кучињата делиме заедничка потреба за друштво, наклонетост и верност и затоа можеме со нив да формираме силни врски кои траат додека сме живи. Овде избравме неколку раси кои најлесно се приврзуваат кон луѓето и остануваат верни, иако секое куче може да биде најлојалното на светот ако е третирано како дел од семејството.

Шкотски овчар

Филмовите со Леси направија легенда од шкотскиот овчар, но неговиот углед е сосема заслужен. Тој е едно од најинтелигентните кучиња, многу се приврзува за сопственикот и секогаш е пријателски настроен кон децата. Него го краси смиреност и индивидуалност. Никогаш не му здодева човечко друштво.

Германски овчар

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Германскиот овчар има репутација на опасно куче поради тоа што се користи во полициските акции благодарение на неговата интелигенција. Претпазлив е кога пред него ќе се појави странец и може да го заплаши. Но, штом еднаш запознае некој, со него ќе формира силна врска која ќе трае додека е жив. За да дојде до израз неговата добра страна, неопходно е да биде добро дресиран.

Лабрадор ретривер

Лабрадор ретриверот е најпопуларен од семејството на лабрадори, меѓу другото поради неговата исклучителна верност. Лесно ја освојуваат околината со својот жив темперамент, бескрајна енергија, интелигенција и пријателски однос кон децата. Многу е добар со луѓе, но ако неговиот сопственик е нападнат, нема да се колеба да го одбрани.

Бретански шпаниел

The one-year-old Brittany “Kinwashkly That’s Mr. Jagger To You”.

Бретанскиот шпаниел знае да заврши одлична работа кога оди во лов на птици, но тој исто така е еден од најдобрите другари на човекот. Многу се лојални, лесно се учат на добри навики и обожаваат да се галат.

Мастиф

Масивниот мастиф има застрашувачки изглед, но тоа не зборува ништо за неговиот карактер. Тој всушност, е еден нежен џин којшто е пријателски настроен кон сопственикот, одличен е кон децата, а знае да се спријатели и со помали кучиња од другите раси.

Боксер

Боксерот важи за куче со кое тешко може човек да излезе на крај, но тоа се однесува само на оние кои претставуваат опасност за неговиот сопственик. Инаку се работи за куче кое лесно се дресира, многу сака да си игра на отворен простор и со луѓето што ги познава.

Златен ретривер

Златниот ретривер спаѓа во оние кучиња кои секој сака да ги види како му трчат во дворот. Секогаш е добро расположен и добро се однесува со сите. Децата го обожаваат поради постојаната желба да си игра и да се гали.

Бернардинец

Огромниот бернардинец делува застрашувачки и затоа многумина го чуваат дома за да ги исплаши евентуалните натрапници. Но, кога станува збор за односот со сопствениците, тој е прекрасно куче. Секогаш се труди да им угоди, а знае да си игра и со деца.

Кувас

Лојалноста на оваа раса со потекло од Унгарија, доаѓа оттаму што тој нема да се колеба да го одбрани својот пријател дури и кога е нападнат од крволочно животно. Кога не е соочен со ваков предизвик, сака да си игра и да трча на отворен простор.

Бигл

Оние кои од своето куче не бараат да го чува домот од натрапници, можат слободно да вдомат бигл. Тоа куче толку е многу пријателски расположено, што се однесува добро дури и кон оние што првпат ги гледа. Се труди на секој начин да му причини задоволство на сопственикот и одлично реагира на деца.

Слични Вести
Menu