(ВИДЕО) Шварценегер со молба до Путин!

Актерот Арнолд Шварценегер апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да „запре оваа војна“ и им порача на руските војници дека „ги жртвуваат своите животи за безумна војна која ја осуди целиот свет“.

Шварценегер, најпознат по улогата во филмот „Терминатор“, на својот твитер-профил објави деветминутно видео во кое директно му се обраќа на рускиот претседател Владимир Путин.

„Го сакам рускиот народ. И затоа морам да ви ја кажам вистината“, напиша актерот во описот на видеото.

„Претседателе Путин: Вие ја започнавте оваа војна. Вие ја водите оваа војна. Можете да ја запрете“, рече меѓу другото Шварценегер.

Слични Вести
Menu