Лего фигура со Зеленски вистински хит

Компанијата Citizen Brick, која произведува специјално дизајнирани фигурини LEGO, неодамна лансира ограничена колекција на фигурини со ликот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Поради големата побарувачка од компанијата, на социјалните мрежи најавија дека ќе пуштат дополнителни примероци на пазарот, а почнаа и со продажба на фигурини од молотови коктели.

За купување на Лего со ликот на Зеленски потребно е да се издвојат 100 долари, додека молотовиот коктел е нешто поевтин и за него треба да се издвојат 10 долари.

Citizen Brick најави дека целиот приход од продажбата ќе оди во добротворни цели за помош на украинските бегалци.

Нивниот план бил да соберат 100.000 долари, а набргу по објавувањето на пуштањето дополнителни примероци во продажба, компанијата сподели дека сите фигурини се распродадени во рекордно време и дека заработиле повеќе од очекуваното, поточно 145.388 долари.

Слични Вести
Menu