(ВИДЕО) Планината Рила крие 200 езера

Рила се наоѓа во југозападна Бугарија.

Зафаќа површина од 2.629 квадратни километри и има просечна надморска височина од 1.487 метри. Според податоците од книгата „Географски речник на Бугарија“ (Софија, 1980), на Рила има 233 езера, од кои 189 се глацијални.

Нивните басени се формирани во леденото доба, кога Рила била покриена со глечери, што првпат го изјавил Јован Цвијиќ во 1896 година. Повеќето езера се во опсег од 2.300 до 2.400 метри.

Највисоко е Леденото Езеро, кое се наоѓа на 2.709 метри надморска височина и седум месеци годишно е под мраз со дебелина до 3,5 метри. Најниско е езерото Локва, кое се наоѓа на 1.800 метри надморска височина.

Рилските езера се мали по површина и длабочина – Леденото езеро има површина од 1,8 хектари и длабочина од 16 метри, а Око со површина од 6,8 хектари и длабочина од 37,5 метри и е најдлабокото езеро на Рила.

Провидноста на водата се движи од два до дванаесет метри. На ведро време, езерата ја имаат сината боја на водата, а поплитките езера со алги се зеленикави.

Температурата на водата во поплитките езера се движи од осум до дваесет Целзиусови степени во лето. Покрај алгите, фитопланктонот и зоопланктонот, во плиткото езеро може да се види и жабата Rona temporaria и тритон Triturus alpestria.

Од рибите во повеќето езера има балканска пастрмка, а во некои и американска пастрмка донесена од рибници. Поради недостиг на храна, бројот на овие риби е ограничен.

Рилските езера имаат рекреативно и туристичко значење. Покрај домашните, голем е и бројот на странски туристи.

Слични Вести
Menu