Илон Маск подолго време зборува за освојувањето на Марс и кога луѓето би можеле да живеат и работат на Црвената планета.
Неговата компанија „Space X“ веќе развива летало „Starship“ кое би требало да учествува во таа историска мисија, а годинава првпат ќе биде лансирано во орбитата.
Маск на својот твитер профил како одговор на прашањето кога луѓето ќе слетаат на Марс, кратко одговорил: „2029“.
What's your guess 🤔@elonmusk pic.twitter.com/IbcVgjAYJw
— Space_Hub (@SpaceHub_SL) March 14, 2022
Тој 2029 година ја гледа како година кога луѓето првпат би можеле да зачекорат на Марс.
Одењето на луѓето на Марс подразбира долгорочно планирање. Како што Марс и Земајта се движат околу Сонцето, двете планети циклично се приближуваат и оддалечуваат една од друга.
Со самото тоа, вистинското време за патување на Марс е она кога таа планета е најблиску до Земјата. Оваа деценија тоа е кон крајот на 2024 година, кон крајот на 2026 година и крајот на 2028, односно крајот на 2029 година.

Исто така, годинава е интересна поради тоа што се одбележува шеесетгодишнина од првото слетување на Месечината коешто се случи во 1969 година.