Покрената петиција за протерување на наводната љубовница на Путин: „Вратете му ја Ева Браун“

Десетици илјади луѓе потпишаа петиција со која бараат депортација од Швајцарија на наводната љубовница на Владимир Путин, поранешната гимнастичарка Алина Кабаева.

Како што пренесува британски „Тајмс“, во петицијата Кабаева е опишана како „сопруга на заблуден диктатор“ и се наведува дека „Ева Браун се врати кај својот фирер“.

Досега ја потпишале над 56.000 луѓе.

И весникот „Дејли мејл“ објави дека противниците на Владимир Путин и руската инвазија, меѓу нив има  Украинци, Белоруси и Руси, испратија порака до швајцарските власти барајќи Алина да биде протерана од земјата.

Алина наводно се крие со своите деца во луксузна вила во Швајцарија.

„Зошто криете помагачи на режимот на Путин?“ е насловот на петицијата.

„Ние, граѓаните на Русија, Белорусија и Украина, кои моментално енормно страдаат, се обединуваме во обраќањето до швајцарските власти. Јавноста дозна дека Алина Кабаева побегнала од санкциите во вашата земја. Таа е љубовница на диктатор кој ја нападна Украина,“ се наведува во петицијата.

„Алина не е само жена чие име е извалкано од дружење со рускиот диктатор, таа е и една од иницијаторите на рускиот ‘злокобен закон’, кој спречи илјадници руски сирачиња да бидат посвоени во странство. Вие сега дозволувате таа и нејзините деца да се кријат во вашата земја.“

„Време е Ева Браун да се врати кај својот лидер“, заклучуваат тие во докуентот.

Нема проверени докази дека Алина е во Швајцарија. Изворот кој ја започна оваа приказна претходно овој месец остана анонимен.

Слични Вести
Menu