КАКО ДА СИ НАПРАВИТЕ СОПСТВЕН ПАРФЕМ?

Еве што сѐ ви е потребно за да направите сопствен парфем:

алкохол, одберете високо квалитетна вотка
масло од лаванда
масло од бергамот (цитрусно овошје)
шишенце за парфем
мала тегличка

Маслата се дадени како пример. Можете да изберете масло по сопствен вкус.

Маслата може да се купат во продавници за козметика, добро снабдени продавнички и во билни аптеки. Никогаш не ги купувајте поевтините, бидејќи тие ја немаат истата есенција како оние на кои цената им е повисока, па така вашиот парфем нема да трае долго.

Тегличката наполнете ја со вотка и во неа ставете по десет капки од двете масла. Потоа затворете ја со капак и протресете ја дваесет пати, сѐ додека вотката и маслото не се соединат. Отворете ја тегличката и помирисајте. Ако мислите дека аромата не е доволно силна, ставете уште неколку капки од маслата, од двете масла исто капки, и така, сѐ додека не добиете мирис кој вам ќе ви се допадне. Така подготвена и затворена, ставете ја тегличката на темно и ладно место, на пример во шпајз, и оставете ја таму два дена. По два дена, земете ја тегличката и претурете од парфемот во соодветно шишенце избрано за таа намена.

Слични Вести
Menu