Која е фаталната бринета која од Украина побегнала со 28 милиони во кеш?

Изминативе денови во странските медиуми една од најчестите споменувани жени од војната која ја зафати Украина без сомнеж е Анастасија Котвицки.

Вниманието на светот е насочено кон гламурозната сопруга на познатиот украински тајкун и политичар, Игор Котвицки, која се обидела да пренесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра во готово преку меѓународниот граничен премин.

„Според оперативните информации, цариниците ја фатиле како шверцува 28 милиони долари и 1,3 милиони евра преку државната граница, на контролниот пункт Вилок во Унгарија. Парите биле во куфери без декларација и надвор од царинските прописи“, се вели во соопштението на Интерфакс.

Парите ги пронашле цариниците на унгарската граница, пренесува „Daily Mail“.

Украинските медиуми известуваат дека против неа ќе биде започната кривична постапка затоа што не ја пријавила сумата на пари, наведуваат украинските медиуми.

Котвицки на Инстаграм профилот од својата ќерка од првиот брак порачала дека веста е лажна и дека парите ѝ се во банка.

Која е всушност оваа фатална бринета?

Анастасија Котвицки (32) е во брак со политичар од минатата година и таа е неговата втора сопруга.

Претходно работела како службеничка во Одделението за економија и меѓународните односи со Карковската регионална општествена администрација, за по венчавката да ја основа својата компанија „Geos“.

Наводно, нејзиниот службен приход бил околу 170 илјади гривни годишно (околу 310.000 денари), но нејзиниот имот пак, бил проценет на 95 илјади долари и 1,4 милиони гривни. Пред Анастасија, украинскиот политичар бил во брак со Ала Котвицки, која моментално е вработена како ректор на Националниот универзитет за фармација, а парот ја има ќерката Виолета.

Слични Вести
Menu