„Apple“ е водечки произведувач на премиум телефони во светот

Најновото истражување на аналитичката компанија „Counterpoint“ покажува дека „Apple“ е моментално водечки произведувач на премиум/флегшип телефони во светот.

Според истражувањето, „Apple“ дури ги престигна и кинеските брендови во Кина, а компанијата е најмоќниот бренд на телефони во светот, вклучувајќи го и растечкиот пазар во Индија.

Зад „Apple“, второто место го држи „Samsung“ на повеќето пазари, вклучувајќи ги САД, Европа и Латинска Америка. „OnePlus“ е втор произведувач на премиум телефони во Индија, а компанијата е чертврта во Северна Америка и петта во Европа.

За премиум телефони се сметаат моделите со цена над 400 долари. „Apple“ моментално држи 60 отсто од пазарите за 2021 година, со раст од 5 отсто во однос на претходната година.

Покрај „Apple“, и другите произведувачи го задржаа своето пазарно учество, со исклучок на „Huawei“ кој забележал голем пад.

Комплетниот пазар на премиум телефони остварил зголемување на учеството, со годишен раст од 24 отсто. Од 100 телефони продадени во текот на 2021 година, 27 од нив биле премиум телефони со цена над 400 долари.

Слични Вести
Menu