Револуција во часовничарската индустрија: Swatch и Omega ги претставија заедничките модели на часовници

Неочекуваното, провокативно и визионерско партнерство меѓу Swatch и Omega кулминира со лансирањето на колекција од 11 модели на Swatch именувани по 11 вселенски тела, од нашиот сончев систем.

Партнерството е кулминација на трендот на соработки помеѓу луксузни и „street“ брендови за создавање иновативни нови производи кои го спојуваат најдоброто од двата света.

Брендовите ја црпеа својата дизајнерска инспирација од вселената, за да создадат колекција од единаесет модели на Swatch именувани по планетарните тела, од џиновската ѕвезда во центарот на Сончевиот систем до џуџеста планета на нејзината периферија. Сите дизајни на Swatch се изработени од патентираниот материјал БИОКЕРАМИКА, уникатна мешавина од две третини керамика и една третина материјал добиен од рицинусово масло.

Иако боите како розова и бледо сина нудат силни индиции кои не се типични за Omega Speedmaster часовниците, љубителите на Moonwatch тешко би може да ја пронајдат разликата во целокупниот изглед на часовникот.

Клучните карактеристики на дизајнот на Moonwatch се во целост опфатени. Асиметричното куќиште, познатата тахиметарска скала со точка над деведесет и препознатливиот Speedmaster поддајл, кои сите функционираат совршено. Omega’s Moonwatch е легендарен и must have за колекционерите.

Уште од објавувањето на тизер кампањата за соработката, вљубениците на часовници од целиот свет непрекинато зборуваа на темата, а објавувањето на моделите предизвика дополнителен бум на интернет, како и бројни дискусии на форумите за часовници.

Од застапникот на Swatch и Omega во Македонија „Божиновски часовници и накит“ велат сличен бил интересот и реакциите во Македонија, објаснувајќи дека часовниците единствено ќе бидат достапни со преднарачки.

„Од вчера кога се за првпат се објавија моделите, можеме да кажеме дека има огромен интерес, но со оглед на реткоста на серијата, мора да истакнеме дека серијата ќе биде достапна единствено со преднарачки. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани да закажат разговор со нашиот продукт експерт, од кој ќе добијат детали за самата колекција, но и за начинот на кој што може да се купи часовник од оваа уникатна серија“.

Како што велат од Божиновски ако го знаеме фактот е дека зад проектот стојат најкреативните умови на швајцарската часовничарска индустрија извршниот директор на Swatch групацијата Ник Хајек (синот на основачот на Swatch), извршниот директор на Omega Рајнал Аешлиман и креативниот директор на Swatch Карло Гиорданети, очекувано беше дека ќе се случи брилијантен проект, кој ќе не остави без здив.

Тие велат дека вистинска реткост е клучните луѓе на најзначајните швајцарски часовничарски брендови да седнат на една маса и да се впуштат во ваков креативен процес.

„Последен пат кога се случи ова беше кога во осумдесетите се формираше брендот Swatch, проект кој направи вистинска револуција во часовничарската индустрија во светот, но и ја спаси швајцарската часовничарска индустрија, соработката помеѓу Swatch и Omega е навистина голем и храбар чекоршто повторно ќе направи нови тектонски промени во индустријата“, објаснуваат од Божиновски.

Колекцијата BIOCERAMIC MoonSwatch на Swatch го прави безвременскиот дизајн достапен за обожавателите насекаде. Тоа е всушност часовникот што беше на Месечината, што е совршена приказна за радоста на животот и иновативната филозофија на Swatch. Новата колекција доаѓа во ретко видени бои. Секој MoonSwatch има своја мисија, инспиративни гравури и заеднички логоа на OMEGA X SWATCH на бројчаникот и круната. Капакот на батеријата на секој часовник има приказ на неговата планета.

Слични Вести
Menu