Не фрлајте ги лушпите од лукот, тие се чисто богатство: содржат редок витамин кој го запира стареењето и делува како хиалурон

Направете сами домашен препарат против брчки. Лушпите од лук се чудо за кожата!

Лукот, една од најздравите намирници, се користи и во козметологијата, а неговиот ефект врз растот на косата е познат долго време. Сепак, оваа суперхрана може да ви помогне и да го забавите стареењето …

И уште покорисни од самиот лук, кога станува збор за кожата, се неговите лушпи. Тајната е во тоа што содржат кверцетин, природна супстанција која има витамин П, и која ретко се знае.

Патем, познатиот лекар Роберт Аткинс (творец на популарната „диета Аткинсон“) честопати им препишуваше кверцетин на своите пациенти кои страдаат од разни форми на алергии, бидејќи го сметаше за најдобар антихистамин.

Други лекари го користат за да спречат кардиоваскуларни заболувања. Луѓето кои консумираат многу кверцетин имаат значително помал ризик од срцев удар и мозочен удар, како и формирање на згрутчување на крвта.

Чудесен витамин за убавина
Во козметологијата, витаминот П е една од најважните состојки во третманите за нега, но и подмладување.

Овој витамин може да го забави „распаѓањето“ на хијалуронска киселина, што е неговата најважна особина во третманите против стареење. И овој витамин се наоѓа во лушпата од лук, онаа што сите ние благо ја отфрламе.

За да подготвите “лековит” пијалок за подмладување, ќе ви треба поголема количина лушпа од лук. Најдобро е да ги чувате, како и кромидот, на суво и темно место.

Пијалокот треба да се пие седум дена и да го повторувате ритуалот еднаш месечно. Ќе ви треба грст од лушпи за да ја подготвите дневната доза.

Исплакнете добро под ладна вода. Треба да зоврие литар вода, потоа почекајте 1 до 3 минути и додадете ја лушпата.

Оставете да отстои 6-8 часа. Пијте само ладно. Препорачливо е да пиете 4 чаши од овој пијалок дневно.

Советот е да го подготвите овој пијалок порано, за да можете да го распоредите преку ден кога ќе го пиете. Поради своите својства, лушпата од лук спречува брзо ладење на водата.

Слични Вести
Menu