ЈА ВРАЌА ЕЛАСТИЧНОСТА НА КОЖАТА И ГИ БРИШЕ НАЈДЛАБОКИТЕ БРЧКИ

Наместо да трошите пари на скапи креми, пробајте ја оваа домашна варијанта.

Состојки:

  • белки од јајца
  • половина лажичка сок од лимон
  • половина лажичка кокосово масло

Подготовка:

Изматете ги белките до пенеста состојба, а потоа додадете ги сокот од лимон и кокосовото масло и продолжете со мешањето додека не добиете хомогена смеса.

Маската може да се нанесе на лицето и вратот, а најдобро би било да ја користите пред спиење. Оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Оваа маска се препорачува да се користи 2 пати неделно.

Кокосовото масло е одлично за хидратација. Богат е со масни киселини благодарение на кои кожата е мазна. Содржи и витамин Е, кој е одличен антиоксиданс и ја штити кожата од стареење и расипување. Има и SPF4, па донекаде штити од сонце. Со навлегување во кожата, го обновува колагенот кој е одговорен за младешкиот изглед.

Белките содржат состојки кои се одлични за кожата, протеини кои ја прават кожата еластична и ја затегнува, го регенерира и го обновува растот на клетките. Содржи калиум кој ја хидрира кожата и и дава униформа боја. Рибофлавинот е состојка во белката која ги чисти токсините и ги отстранува нечистотиите и сите видливи и невидливи нечистотии на нашето лице, додека магнезиумот во белката е одговорен за нашата кожа да биде подмладена и да изгледа одлично.

Слични Вести
Menu