Академијата започна дисциплинска постапка против Вил Смит

Академијата за филмски уметности и науки во средата започна дисциплинска постапка против Вил Смит за неговото однесување на „Оскарите“ и откри дека на Смит му било кажано да ја напушти церемонијата, но одбил да го стори тоа откако му удри шлаканица на Крис Рок на сцената за време на церемонијата. „Постапките на актерот беа во спротивност со Стандардите за однесување на Академијата, вклучувајќи несоодветен физички контакт, навредливо или заканувачки однесување и загрозување на интегритетот на Академијата“, се вели во соопштението објавено по состанокот на Одборот на гувернери.

Смит може да се соочи со суспензија, исклучување или други санкции доколку одборот одлучи да преземе акција на следниот закажан состанок на 18 април, се вели во соопштението.

Дополнително, Смит ќе добие известување за гласањето во рок од 15 дена , како и можност претходно да биде сослушан преку писмен одговор.

Во соопштението не се дадени детали за тоа кој побарал од Смит да си замине. Академијата, исто така, директно му се извини на Рок во изјавата, како и на номинираните, гостите и гледачите.

Слични Вести
Menu