Смешка на денот!

Се враќа жената порано од работа и го фаќа мажот и во спална како води љубов со многу привлечна помлада жена.- Свињо ниедна! Како се осмелуваш да ми го направиш ова на мене – твојата верна жена, мајката на твоите деца! Те напуштам. Сакам развод веднаш!Мажот и и рекол тивко:- Може ли барем да тиобјаснам што се случи те молам?- Во ред, кажи ми, ама да знаеш дека тоа ќети се последните зборови што ќе ми гикажеш! – Вака… се качував во кола од работа когаоваа млада дама ме замоли да ја префрлам. Изгледаше толку тажна, осамена и нежна, пами падна жал и ја качив во кола. Забележав дека е многу слаба, во валкана облека.По пат ми кажа дека не јадела цели три дена! Бидејќи ми стана ептен жал, ја донесов дома и ја стоплив пицата што ти ја направив синоќа а ти не сакаше да ја изедеш за да не се здебелиш. Кутрата, за 2 минути ја изеде цела.Бидејќи беше многу валкана, и понудив и дасе истушира. Додека се тушираше, забележав дека облеката и е многу стара, валкана и полна со дупки па и ја фрлив.Бидејќи и требаше облека, и ги дадов твоите фармерки, оние што со години не ги носиш дека ти биле премногу тесни. Исто така и ја дадов долната облека што ти ја купив како подарок за годишнина, а не ја носиш затоашто не сум имал вкус за долна облека. Ја најдов и блузата што ти ја подари сестра ми за Божиќа ти не ја носиш само за да ја нервираш. И ги дадов и твоите чизми што ги купи во онојскапион бутик а не ги носиш затоа што некоја твоја колешка од работа носела исти такви…Зима длабока воздишка мажот и продолжува:- Беше толку среќна и благодарна, само даможеше да ја видиш… додека се облекуваше а јас стоев на врата, со солзи во очите мирече:- Те молам господине, дали имаш уште нешто што жена ти одамна го нема користено…

Објавено од Виктор

Слични Вести
Menu