МАГИЧЕН НАПИТОК ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Потребни состојки:
1 литар вода
5 ќесички зелен чај
1 мандарина
1 шака свежо нане

Начин на подготовка:
Во литар врела вода, додајте 5 ќесички зелен чај и оставете ги да отстојат 3 минути. Потоа извадете ги ќесичките и почекајте да се олади.
Мандарината исечете ја на парчиња. Ако можете, користете непрскана мандарина за да можете да ја сечете сосе лушпата, или во спротивно излупете ја, но задолжително оставете го белиот дел од кората.
Во голема тегла или бокал со капак ставете го зелениот чај, додајте ги парчињата мандарина и свежите ливчиња нане. Затворете ја теглата и оставете ја преку ноќ за состојките добро да се соединат.
Пола литар по лице е доволна количина за еден човек во текот на следниот ден.

Слични Вести
Menu