ДАЛИ ПОЧНУВАТЕ ДА СЕ ЗАЉУБУВАТЕ?

Ако почнаа да ве наросуваат романтични чувства, ова се симптомите по кои ќе познаете дали сте заљубени.

  1. Прескокнување на оброците
    Заборавањето на редовното внесување храна, не значи само дека сме расеани, туку и дека личноста на која не можеме да престанеме да мислиме, ја сакаме повеќе од храната. Може дополнителна причина за овој тип „гладување“, се пеперутките кои ни летаат низ утробата кога ќе помислиме на љубениот/а, па се чувствуваме како храната воопшто да не ни е ни потребна.
  2. Се фаќате себеси како се смешкате без особена причина
    Краткотрајното чувство на заљубеност може да предизвика значајни промени во вашиот организам. Љубовта, особено во првите денови, прави да се чувствуваме среќни, задоволни со сами себе, замечтаени во мислите и ни мами насмевка на лицето.
  3. Не можете да го/ја гледате во лице
    Одненадеж не можете таа личноста да ја гледате во очи додека разговарате, бидејќи се плашите дека ако ве погледне, ќе ги открие вашите чувства. Додека зборувате, пробајте да го/ја гледате во челото или околу носот. Побезбедно е.
  4. Мислите на него/неа додека наутро се облекувате
    Додека се спремате за излегување, во главата ви се вртат многу мисли: дали би му/ѝ се допаднале во оваа кошула, дали бојата добро ви стои на тенот, дали да вложите повеќе напор од вообичаеното во средувањето на косата, дали да се нашминкате како секој ден или пак да ставите малку повеќе шминка… Тоа е уште еден од показателите на заљубеност. Дотерајте се, во ниеден случај тоа не е погрешно постапување.
  5. Ви недостига кога не е во ваша близина
    Навикнати сте личноста која ви се допаѓа да ја гледате на одредено место на пример на работа, на предавања, во кафуле и доколку во одреден момент не е таму, почнувате да се чувствувате по малку разочарано и сте постојано во исчекување во секој момент да се појави од некаде.
  6. Станувате љубоморни за некои чудни работи
    Одредени моменти и ситуации кои до пред извесно време не ги ни забележувавте, почнаа полека да ви пречат. Се фативте себеси како станавте љубоморни при помислата: „Каде е, со кого е, зошто не се појавува, зошто не се јави…?
Слични Вести
Menu