НАЈЧЕСТИ НЕДОРАЗБИРАЊА ПОМЕЃУ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ

Разбирањето на тоа како мажите и жените мислат и зборуваат, може да помогне за подобрување на врските. Ова се најчестите недоразбирања кои настануваат помеѓу мажите и жените и она што едниот го слуша кога зборува спротивниот пол.

Мажите прашуваат, а жените навестуваат
Мажите имаат директни барања, додека жените секогаш ги поставуваат потребите на другите пред своите. Како ова може да се исплати во една врска? Жените често очекуваат од мажите тие да им ги читаат мислите и да знаат што сакаат без да им кажат. Доколку жените почесто кажуваат што сакаат, со сигурност и повеќе ќе добиваат, па читањето мисли би било сосема непотребно.

За жените сè е во деталите
Кога таа ќе каже: „Се сеќаваш ли на џемперот кој го носеше на нашиот втор состанок?“, тој слуша: „Ако се грижиш, би запаметил!“. Жените имаат неверојатна меморија за детали, но се и посентиментални од мажите. Тие треба да имаат на ум, дека мажите не помнат толку многу детали поради различното процесирање на информацијата, а не бидејќи не се грижат.

Проблеми: Слушање наспроти решавање
Кога жена има проблем, мажот нуди решение, а всушност таа бара само разбирање. Во обратната ситуација, таа има тенденција на мажите да им нуди рамо за плачење, нешто што тие најмалку го сакаат. Основно правило: мажите треба да нудат прво сожалување, а потоа помош, додека жените обратно.

Мажите категоризираат, жените размислуваат широко
Како што може да се забележи, мажите и жените размислуваат поинаку. Мажите категоризираат, притоа психички и физички одделувајќи ги едно од друго работата, врската, пријателите и така натаму. Жените пак размислуваат пошироко, притоа поврзувајќи ги сите аспекти од нивните животи. Кога тој своето внимание го префрла од сериозен разговор во гледање спортски натпревар, тоа не значи дека не му е грижа за разговорот. Спротивно, мажите понекогаш треба да се сетат дека нејзиното преголемо размислување и навраќањето во минатото, не е за да додева, туку едноставно така работи женскиот ум, поврзувајќи ги сите случувања едно со друго.

И мажите се емоционални
Вистината е дека поголемиот број мажи се многу чувствителни и имаат длабоки емоции. Проблемот е во тоа што тие не се чувствуваат удобно за да ги покажат. Жената никогаш не треба да претпоставува дека нејзината машка половина не може да ги почувствува одбивањето и болката. Тој чувствува многу повеќе отколку што претпоставувате. Како и да е, во ниеден случај немојте да претпоставувате што тој чувствува. Најдобро е да го прашате и самиот да ви каже. При прашувањето избегнувајте ги премногу емотивните фрази.

Жените сакаат потсетување
Тој мисли: „Верен сум ѝ, таа знае дека ја сакам.“
Таа мисли: „Што сторил тој денеска за да ми покаже дека ме сака.“

Ова не значи дека жената треба да се осигурува дека е сакана на секој саат, но и не треба да се мисли дека љубовниот гест од минатиот месец е сè уште свеж во нејзината меморија. Мажите повремено треба да прават мали убави нешта, кои ги правеле кога ја освојувале својата сакана.

Слични Вести
Menu