Романската актерка во проѕирна наметка под која не носи ништо: Атрактивната Медеа го покажа сиот свој раскош

Многумина ја нарекуваат „новата Софија Лорен“ и тоа не поради фактот што потсетува на неа, туку и поради ставот, атрактивноста и харизмата.

Романската манекенка Мадалина Генеа во неодамнешна објава на својот Инстаграм профил ги привлече симпатиите на своите следбеници, позирајќи во розова наметка под која не носела ништо.

Како што може да се забележи во коментарите под фотографијата, следбениците биле воодушевени со нејзиниот моден избор и многумина пишувале дека изгледа совршено.

За потсетување, Генеа живее и работи во Италија, а се занимава со манекенство и глума. Ја открил италијанскиот дизајнер Гатинони, а на нејзината магија не можеле да одолеат ниту Жерар Батлер, Мајкл Фасбендер и Леонардо Ди Каприо.

Беше во врска и со трговецот на уметнички дела, Вито Шнабел, а од врската со романскиот бизнисмен Матеи Стратан ја има ќерката Шарлота.

Слични Вести
Menu