Абрамович бара од пријателите да му позајмат пари за да може да функционира

Рускиот олигарх Роман Абрамовиќ побарал од своите пријатели, повеќето холивудски и американски моќници и брокери, да му позајмат по милион долари за да може да „функционира“ додека неговиот имот е замрзнат.

Како што пишува „Page Six“, Абрамович, чии банкарски сметки во Америка и Велика Британија се замрзнати, од своите угледни и моќни пријатели побарал да му позајмат пари за да може, помеѓу другото, да продолжи да го плаќа својот верен персонал на суперјахтите кои ги поседува, за што му се потребни 750.000 долари неделно.

Милијардерот кој беше домаќин на низа забави на своите бродови и на својот простран имот на Сент Барт, има многу блиски пријатели во Холивуд, Вол Стрит и во светот на технологијата. Наводно неговите соработници се внимателни во поглед на позајмување пари, без оглед на тоа што учествува во мировните преговори помеѓу Русија и Украина.

Богатството му се проценува на 14,3 милијарди долари

„Роман бара од своите најблиски моќни пријатели да му позајмат по милион долари. Тој вели дека никогаш не пропуштил да му исплати плата на својот персонал, што е околу 750.000 долари неделно, а со замрзнатиот имот не може да ги плати своите луѓе“, изјавил извор близок до Абрамович за „Page Six“.

„Абрамович му се обратил на холивудскиот продуцент и режисер Брет Ратнер, семејството Ротшилд и многу други. Но, иако со Абрамович се добри пријатели, тие не се согласиле да му дадат пари бидејќи немаат толкава сума во готовина. Поточно, не им е јасно какви ќе бидат последиците ако му позајмат пари“, додал изворот.

„Bloomberg“ претходно извести дека Велика Британија и ЕУ во март го санкционираа Абрамович, чие богатство се проценува на 14,3 милијарди долари. Поради санкциите, тој беше принуден да се откаже од фудбалскиот клуб „Челси“, на чие чело е од 2003 година.

Слични Вести
Menu