Керем Бурсин – Нов успех во странство!

На успесите на Керем Бурсин во странство е додадено ново достигнување. Серијата Yasamayanlar, во која една од главните улоги ја толкува популарен турски актер, стана најгледаната хорор серија во Португалија.

Серијата Yasamayanlar, која беше снимена во 2018 година и емитувана на Blu TV, подоцна беше купена од Нетфликс. Оваа серија постигна голем успех во Португалија, речиси осум години подоцна. Yasamayanlar стана најгледаната серија во хорор жанрот, постигнувајќи резултат од 62,4% од емитувањата во земјата. Несомнено, угледот и популарноста на Бурсин надвор од границите на Турција беше главниот фактор за овој успех.

Керем Бурсин, кој ја играше главната улога во серијата, беше и копродуцент. Актерската екипа на серијата од осум епизоди ја сочинуваат многу силни имиња како Биркан Сокулу, Елчин Сангу и Селма Ергец.

Првата вампирска серија снимена во Турција, Yasamayanlar, не привлече големо внимание во таа земја. Последователно, серијата беше продадена на Нетфликс, но ниту таму не постигна забележителни резултати. Сепак, таа постигна навистина добри и забележителни резултати во Португалија.

Сценариото за оваа, така да се каже, необична серија го напиша Самил Јилмаз. Режисер беше наградениот Алфан Есели.

Керем Бурсин неодамна повторно се најде во центарот на вниманието поради наводното раскинување со Ханда Ерчел. Двајцата досега не се огласија по тоа прашање.

Она што, покрај тоа, речиси подеднакво ги интересира неговите фанови, е следниот проект во кој ќе се појави овој популарен турски актер. Тој ја одбил последната улога што му била понудена, па сè уште е под превез на мистерија.

Дотогаш Керем напорно тренира …

Слични Вести
Menu