Доналд Трамп е бесен: Социјалната мрежа „Truth Social“ е потполно промашување

Иако платформата „Truth Social“ беше најавувана како враќање на Доналд Трамп на социјалните мрежи, се утврди дека сервисот претставува големо промашување.

Трамп ја најави својата социјална мрежа во октомври 2021 година, откако му беше забрането изнесување на своите ставови на Твитер и други мрежи. „Truth Social“ започна да работи на 21-ви февруари оваа година.

Но, социјалната мрежа сега се соочува со проблеми бидејќи милион и пол корисници не можат ни да влезат на апликацијата која ја преземале. Покрај тоа, апликацијата не е достапна за „Android“, нема веб-верзија и не е достапна за повеќето луѓе надвор од САД.

Иако по објавувањето, апликацијата беше една од најпреземаните на „Apple App Store“, сега голем дел од корисниците не можат да пристапат до неа.

Иако сите очекуваа дека проблемот ќе биде брзо решен и дека Трамп ќе започне да ги објавува своите „вистини“ на „Truth Social“, ништо од тоа не се случи. Корисниците кои успеале да влезат на апликацијата, велат дека таа е прилично празна кога станува збор за содржината.

Исто така, една студија покажува дека преземањето на апликацијата во меѓувреме паднало за дури 95 отсто.

„BBC News“, наводно, дознава дека Доналд Трамп е бесен поради ваквиот развој на ситуацијата и е зачуден зошто повеќе луѓе не ја користат социјалната мрежа.

„Truth Social“, платформа која беше најавувана како голем конкурент на главните играчи на пазарот („Facebook“, „Twitter“, „WhatsApp“), се „сопна“ само што застана на нозе.

Слични Вести
Menu