ТРИГЛИЦЕРИДИ: КАКО ДА ГИ НАМАЛИТЕ НА ПРИРОДЕН НАЧИН?

Триглицеридите се масти, неопходни за одржување на човечкиот живот, кои ги има во храната која секојдневно ја консумираме. Кога јадеме, вишокот калории кои телото не ги користи веднаш, ги претвора во триглицериди. Триглицеридите се складираат во масните клетки во телото, во случај да му бидат потребни подоцна, при дефицит на храна.

Колку и да се корисни триглицеридите за нашето тело, високата вредност може да го влоши здравјето, затоа што може да доведе до атеросклероза која го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања.

Што го предизвикува високото ниво на триглицериди во крвта?

Дебелината, особено во пределот на стомакот;
Хипотироидизам – намалена функција на штитната жлезда;
Често внесување повеќе калории отколку што се трошат;
Прекумерно консумирање алкохол;
Болести на бубрезите и џигерот;
Неконтролиран дијабетес;
Возраста. Со напредувањето на годините, бавно се зголемува нивото на триглицериди;
Физичка неактивност.

Како да ги намалите триглицеридите во крвта?

Одржувајте здрава тежина. 
Ограничете го бројот на внесени калории. 
Заменете го меленото месо со риба. 
Редовно консумирајте храна богата со омега-3 масни киселини, како риба и ленено семе. 
Ограничете го количеството на консумиран шеќер. 
Внесете умерена физичка активност во вашето секојдневие. 
Фрлете ги цигарите. 
Задолжително намалете го алкохолот, а доколку нивото на триглицериди е премногу високо, целосно откажете го. 
Заменете ги газираните пијалаци и овошните сокови со поздрава варијанта. 

Слични Вести
Menu