Две пруги од поранешна Југославија рангирани за најубави според Си-ен-ен

Си-ен-ен травел објави листа на десет најубави европски железнички линии. Покрај патувањето со воз од Фиренца до Неапол, од Барселона до Монсерат или од Ница до Вентимиља, свое место на листата најдоа и две линии од земји од поранешна Југославија, Босна и Херцеговина и Словенија.

Си-ен-ен пишува за патувањето од Сараево до Мостар како прекрасно двочасовно патување со воз во кое патниците ќе поминат под зелените планини и клисури што ги следи смарагдната Неретва.

„Во Мостар, едно од омилените мали гратчиња на Си-ен-ен во Европа, ќе пристигнете веднаш над познатиот мост што го изградиле Турците, а кој беше уништен од хрватската војска во 1993 година, за повторно да биде обновен во 2004“, пишува познатиот американски медиум.

Слични Вести
Menu